ЈП „Стрежево“ Битола ги известува сите рекреативни риболовци дека од 1 октомври 2026 година започнува периодот на забрана за лов на пастрмка во акумулацијата „Стрежево“.
Забраната трае до 31 јануари 2027 година и е пропишана согласно Риболовната основа за акумулацијата „Стрежево“, со цел заштита на пастрмката во периодот на природна репродукција и обезбедување услови за одржување и унапредување на рибниот фонд.
Во наведениот период се забранува ловот на пастрмка во акумулацијата „Стрежево“.
Апелираме до сите риболовци доследно да ја почитуваат забраната и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на рибниот фонд и заштита на природните богатства на акумулацијата „Стрежево“.
Заедно ја чуваме акумулацијата „Стрежево“ и нејзиното богатство






