Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер со победа ја отворија сезоната, победен ТФТ во Битола (фотогалерија)

Пелистер – ТФТ 78:70

Вечерва во Битола во рамките на 1. коло од кошаркарската сезона 2026/27 кошаркарите на Пелистер започнаа со победа, а во дербито го совлада ТФТ со резултат 78:70.

Битолчани, предводени од новиот тренер Спасев,подобро го почнаа натпреварот и по првите десет минути имаа четири поени предност (20:16), во ТФТ не дозволи домаќинот да се одлепи и во втората четвртина од натпреварот заиграа поконцентрирано и на полувремето Пелистер имаше минимално водство од 38:37, само “половина кош“ предност.И после паузата беше на почетокот рамноправно и двата тима се менуваа во водство. Пелистер иако беше подобар на паркетот никако не успеваше да создаде посериозна разлика. Во последната четвртина Пелистер заигра посериосно, со добра одбрана и ефикаен напад, а во клучните моменти доволна разлика. Пелистер дојде до прва победа во новиот шампионат.Камерон Мекдауел беше најрфикасен кај Пелистер со 19 поени, на кои додаде и седум скока, Иван Сапунџиев запиша 14 поени и шест скока, а Карен Вилсон кој мечот го заврши со 14 поени.

Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1733209561851196&set=pcb.1733210791851073