Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер имаше +3 во Гдањск, но во Битола носи само бод, Кузмановски постигна 15 гола

Вибжеже Гдањск – Еурофарм Пелистер 31:31 (16:17)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола го запиша првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето во Полска ремизираше против Вибжеже Гдањск со резултат 31:31, полувреме 16:17, но може да жали што дома не се враќа со цел плен.

Пелистер во финишот на натпреварот имеш предност од три гола и имаа сè во свои раце, напад за +4, но на крај мораа да се задоволат само со реми.

“Пелистерци“ несигурно го отворија натпреварот, а домаќинот поведе со 2:0, а за краток период постигнаа четири за 2:4. Пелистер имаше и предност од три гола (3:6), а домаќинот израмни на 6:6, а потоа и 8.8. Следуваше игра “гол за гол“, а на пауза се замина со минимална предност за Пелистер од 16:17.

Во второто полувреме се разбрани Хаидерирад и „зелено-белите“ имаа позитива од три гола (17:20). “Пелистерци“ имаа напад и за плус четири, но не реализираа, а на спротивната страна Гдањск врза два гола за намалување на 19:20. Кузмановски со два врзани гола од контра го одведе својот тим на прво водство од четири разлика (20:24). Пелистер во финалните десет минути влезе со предност од 24:27. По техничката грешка во македонскиот табор и Гдањск израмни на 31:31, на една минута до крајот. Червар повика тајм-аут, но немаше реализација за конечно водство.

Филип Кузмановски беше наефикасен со 15 гола, а засилувањето од Франција потигна 7 гола. Хаидерирад имаше десет интервенции.

Во следното коло “пелистерци“ патуваат во Германија кај Гумерсбах.

More from ВестиMore posts in Вести »