Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Претресите врз основа на обезбедените наредби ги вршат припадници на Министерството за внатрешни работи.
Повеќе детали по завршување на дејствијата во текот на утрешниот ден.






