Press "Enter" to skip to content

Започна изградбата на станбениот комплекс “Smart Art“ во скопски Карпош

Со поставувањето на камен-темелникот во саботата, 3 октомври, започна изградбата на станбениот комплекс “Smart Art”, кој ќе се наоѓа на улица “Јадранска магистрала” број 14 во Скопје, Општина Карпош.Комплексот е лоциран на околу 300 метри од новата клучка кај Момин Поток, наспроти “Мотоцентар”. Предвидени се 128 станбени единици, распоредени во 25 типови на станови, како и 632 квадратни метри зелена површина.“Smart Art” е замислен како совршен баланс помеѓу современа архитектура, паметна технологиja и уметноста.Фоајето на зградата е предвидено како галериски простор со уметнички содржини кои ќе бидат дел од амбиентот на зградата, а становите ќе бидат достапни во различни квадратури и распореди. Проектот предвидува повеќе решенија прилагодени на различни потреби, со паметна технологија во секој стан.Се работи за заеднички проект на “БВ Инженеринг” и “Де Ниро”, компании кои повеќе од две децении се присутни на пазарот.

“Smart Art” не го гледаме само како уште еден станбен комплекс.

Сакавме да создадеме простор во кој паметната технологија и уметноста ќе бидат дел од секојдневното живеење“, велат инвеститорите.За повеќе информации околу достапните станови, заинтересираните можат да го посетат продажниот салон на улица “Филип Втори Македонски” број 11 во Скопје, секој работен ден од 8 до 16 часот.Дополнителни информации се достапни на телефонскиот број 076 337 010 и на www.smartart.mk.

„Smart Art, живеј паметно, уживај уметност!“

 Текст:  ПР Линк Маркетинг

Фотографии : Приватна архива