Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: Дискогена болка во долниот дел од грбот

Човечкиот ‘рбет е составен од пршлени (коски во облик на цилиндри) кои се наредени еден врз друг. Секој сегмент е поврзан напред со интервертебрален диск, а назад со мали фасетни зглобови. Дисковите дејствуваат како амортизери во ‘рбетот и им овозможуваат на целата структура да се движи во сите равнини . Оштетувањето на еден или повеќе од овие дискови може да доведе до болна состојба наречена дискогена болка.

Честопати дискогената болка може да биде резултат на абење, сушење и намалување на дискот со текот на времето. Во тој случај, се работи за дегенеративна болест на дискот. 

Бидејќи процесот е бавно и постепено опаѓање на интегритетот на дискот кое се создава долг перио и најчесто дегенеративната болест на дискот честопати не е болна сама по себе односно нема симптоми. При процес на оштетување  може да предизвика други болни состојби поради промената во структурата и функцијата на ‘рбетот.

Кога говориме за дискот како структура битно е да се напомене дека тој е составен од фиброзни прстени  и јадро со полу густа маса кои што ја даваат подвижноста на ‘рбетот но исто така се подлежни на поврери од постојаното натоварување од секојдневните активности. Хранењето-трофиката на деискот е специфична и доаѓа од крвните садови на телата на прешленот и нивното зацелување е комплексно. 

Дисковите повреди  имаат тенденција да се појават кога ‘рбетот е изложен на ненадеен или невообичаен притисок од ралични причини- рорација, наклонување, наведнување или седење.  Кревањето тежина, особено кога е комбинирано со свиткување или извртување, може да го зголеми притисокот во внатрешноста на дискот и да доведе до оштетување на фиброзните прстени. При делумно оштетување на дискот односно руптира и накинување на ѕидовите на дискит се создава надув или кажано медицински дискален балџик-едем(без хернија).

Процесот може да биде често пропратен со силна болка и ограничување. 

(Продолжува)