Цената на литар Еуросупер БЕС-95, Еуросупер БС-98 и дизел остануваат исти, а се зголемува само цената на мазутот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 останува 98,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 е 100,5 денари, а на дизелот 97 денари. Со најновата одлука на РКЕ не се промени и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое и неделава ќе се продава за 108,5 денари за литар.
Комисијата одлучи малопродажната цена на мазутот да се зголеми за 2,145 денари за килограм и од полноќ да се продава за 51,742 денари.






