Press "Enter" to skip to content

Четири години работа, од првата конструкција до денес – “Топ стеел инг”

Започнавме пред 4 години. Без помпезност и големи зборови, туку со работа. Така скромно и тргна приказната на “Топ стеел инг” во 2022 година, со челични конструкции, рамки и првите проекти што требаше да се направат, испорачаат и монтираат.Од првата конструкција до денес, поминаа четири години во кои работата и секојдневието не носеа од проект до проект. Некогаш се почнуваше со една идеја, некогаш со готов проект, а потоа доаѓаше нашиот дел, да се претвори во конструкција која ќе биде изработена и поставена како што треба.Работевме на многу објекти, со бројни луѓе и различни барања. Некои проекти завршуваа брзо, некои бараа повеќе време и посветеност. Имаше работни денови кои започнуваа рано во денот, а завршуваа рано во ноќта.Кога ќе ја погледнеме назад денес, најмногу ни значи токму тоа што има што да се погледне зад овие четири години.

Нашата приказна е регионална, од неодамна не има и на Косово, каде што го проширивме нашето присуство и продолживме да работиме на нови проекти.Не сакаме од сето ова да правиме голема работа. Само сакаме да го одбележиме датумот, да им кажеме фала на луѓето со кои работиме и да продолжиме со она што најдобро го знаеме.

Текст : Пр Линк Маркетинг

Фотографии : Приватна архива