Денес во Битола во компанијата “Синпекс“ се одржа манифестацијата посветена на руралната жена, нејзината сила, знаење, традиција и визија за иднината на Пелагонија.
На настанот кој го организираше здружението „Современо земјоделство“ преку панел дискусии беа отворени темите „ Можности и предизвици на дигиталното земјоделство„ и „Жената-двигател на современото земјоделство и руралниот развој“.
Во својот поздравен говор градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека руралната жена со својата активност и ангажман во земјоделието има значаен придонес во земјоделството, локалната економија и развојот на руралните средини.
На манифестацијата беа доделени признанија на жени кои придонесуваат кон развојот на агросекторот.






