Press "Enter" to skip to content

Инженерство, иновации и извонредност: 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)

-Шест и пол децении Техничкиот факултет Битола е столб на техничката мисла, едукацијата и науката.

Техничкиот факултет во Битола, една од најстарите и најреномирани високообразовни установи во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, свечено го одбележа својот значаен јубилеј – 65 години од почетоците на инженерското образование во Битола.На свечената академија проследена со уникатна уметничка програма, што се одржа денес, присуствуваа претставници од академската заедница, стопанските субјекти, поранешни и сегашни вработени, гости и соработници на Факултетот.Свеченоста беше отворена со поздравно обраќање на деканот проф. д-р Митко Костов, кој ја истакна важноста на континуираниот развој и визијата на Факултетот кој со децении претставува столб на македонската индустрија и технолошкиот развој, потенцирајќи дека сето тоа е заслуга на ентузијазмот и трудот на генерации професори и студенти, сега успешни инженери кои ги градат своите професионални кариери во земјава и странство.-Големото присуство на сите вас, денес на Технички факултет – Битола е чест и потврда дека оваа институција и нејзината мисија има многу пошироко значење од рамките на самиот факултет. Веќе 65 години Техничкиот факултет образива инженери, развива знаење и придонесува за напредокот на индустријата и опшреството. Секоја генерација на студент, секој студент и секоја нова идеја е дел од оваа приказна. Најважното прашање за секоја инстритуција е што остава зад себе, а техничкиот факултет за себе остава генерации инженери кои своето знаење го насочуваат кон индустријата, науката, инстистуциите во Битола, Македонија и ширум светот. Затоа овој јубилеј е и да е се потсетиме на сите они кои со својата работа го направија Техничкиот факултет она што е денес. Нашата приказна започнува во 1961 година кога е формирана Вишата техничка школа, а тоа е 18 години оред формирањето на Универзитетот во Битола. Тоа изгледа како природен чекор, но тогаш тоа било визионерска одлука, дека и во Битола може да се создава високо инженерско знаење. во 1977 години е основан Техничкиот факултет. Честитки и признание за шест и пол децениското работење на оваа конститутивна единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, упати ректорот проф. д-р Игор Неделковски, кој посочи дека Техничкиот факултет е институција која преку силната и континуирана соработка со индустриските гиганти и клучните енергетски капацитети во регионот и земјата, дала огромен придонес за општествениот и економскиот развој на државата.-Овој факултет го дал и првиот академик на нашиот Универзитет, засега и единствен проф. д-р Глигор Каневче. Првиот објавен труд во базата светски трудови е исто така од Технички факултет, трудот на проф. д-р Душан Поповски. Овој факултет  столб на градот, на општеството и регионот.  Сите капитали објекти околу нас РЕК “Битола,“Стрежево“, првите фабрики… се градени и раководени од инженерски кадар на овој факултет. Така слободно можеме да речиме дека техничкиот факултет е градител на Битола, на овој регион, па и на оваа држава, рече ректорот Неделковски и додаде:-Денеска во Кристијанштат се одржува битен состанок за идниата на Колорс Алијансата за наредниот период, односно 2028 и 29 година. Таму се сите ректори, но јас сум тука, бидејќи сметам дека е многу побитно да сум тика да ја одбележиме годишнината на овој храм на инжерството. Посебно бидејќи моето прво вработување во академската свера е на Технички факултет, а сите најубави работи ми се случија на овој факултет, навлегов во науката. Пред присутните на настанот се обрати и градоначникот Тони Коњановски, кој уште еднаш ја потврди одличната соработка со Универзитетот, кој како дел од Алијансата КОЛОРС, ја внесе Битола во Европа. -Овој јубилеј е заеднички успех на сите генерации студенти, професори и деловни партнери кои помогнаа во градењето на современиот инженерски кадар, а соработката со Oпштина Битола е на високо ниво и со техничкиот факултет и воопшто со Универзитетот „Св. Климент Охридски“. И во оваа прилика сакам да ја истакнам една од работите со која бевме пионери во Македонија, а тоа е универзитетската летна пракса која студенти од факултетите на битолскиот универзитет во текот на летните месеци ја спроведуваат во Oпштина  Битола и нашите јавни претпријатија, а потоа овој пример го следеа и други градови, истакна градоначалникот на Битола.Ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски на деканот Костов му поради икона на Свети Климент Охридски со цел тоа да биде потсетник дека сите и понатаму да го продолжат делот на петронот на Унерзитетот, светец и учител.Во рамките на програмата доделени се благодарници на вработени, пензионирани професори, сродни факултети од земјава и странство и претставници од стопанството, како признание за нивниот долгогодишен придонес во развојот, афирмацијата и унапредувањето на Техничкиот факултет – Битола.Оваа синергија меѓу науката и бизнисот им овозможува на студентите редовна практична настава, стипендии и сигурна кариера веднаш по дипломирањето, потврдувајќи го ТФБ како вистински мотор на регионалниот економски развој.

Со одбележувањето на јубилејот Техничкиот факултет – Битола испрати порака до новите генерации дека инженерството е професија која нуди решенија и го менува светот.Насочен кон практични знаења, меѓународни истражувачки проекти и силно партнерство со водечките индустриски компании во регионот, тој останува главен сојузник на младите умови кои сакаат да станат лидери и иноватори на иднината.

Сашо Ристевски

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1745808670591285&set=pcb.1745810480591104

More from ВестиMore posts in Вести »