Press "Enter" to skip to content

“Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)

Вечерва во уметничката галерија “Окованделија“ во Битола свечено беше отворена изложбата “Патот станува место“ на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска, а големиот број на посетители имаа прилика да изгледаат и перфранс на Таневска.Две уметнички практики, две перспективи и едно заедничко истражување на просторот, движењето и минливоста. Преку материјалот, телото и перформансот, изложбата го преиспитува односот помеѓу местото и патувањето, помеѓу она што се менува и она што го носиме со себе. Градот се појавува како временска појава, а патувањето како потрага по дом, идентитет и припадност.Каде завршува патот, а каде започнува местото? 

-Можеби местото не е точка на пристигнување, туку нешто што го создаваме додека се движиме, одговорија уметниците, преку изложбата, која како рекоа, ја подготвувале два месеци.На свеченото отворање на изложбата Ангела Каранфилова рече:-Ова една голема инсталација преку која која ги затворив факултетот, односни студентските денови. Претходно оваа инсталиација беше насловена “Градот сепак не е нем“. Целта на оваа инсталација е да поминете низ мојата студенстка фаза во новата фаза во која ги оставам зад себе, а сега ја отворам мојата прва изложба како професионален уметник. Со Христина сме заедно четири години и заедно поминавме по патот. Сега сме разделени, но можеме пак да се споиме, да ни спои патот. Јас очекувам во иднина да имам нов концепт, да поминам нов пат, а ќе нагласам патот е животот.Кристина Таневска по избедувањето на концептуланиот перформанс на свеченото отворање рече:

-Како ученик во основно и гимназија бев бубалица и ги читав сите книги, а Одисеја ми иставила најголем впечаток тогаш, а патот не поврзува, а патот се споменува во митот за Одисеј. Би се надоврзана со Ангела дека само патот и местото беа клучни зада се оствари ова изложба, потрагата по сопствениот пат, по ретроспекција, и по сопствениот идентитет. Сите можеме да поистоветиме со концептуланиот перформанс што е една современа интерпретација. А што се однесува пак до просторот мислам дека е само за “патот“.Организаторот на изложбата Петар Котевски од уметничката галерија, кој ја прогласи изложбата за отворена нагласи дека оваа изложба е подготвувана повеќе од два месеци, а се “местеше“ два седмици.-Просторот се поклопи за двете уметници, а сме благодарни како уметничка галерија што тие исложуваат и настапуваат кај нас. Ние сме благодарни и на сите кои одлучивме вечерва да бидете тука. Изложбата и перформансот се многу приемчиви, а верувам дека инсталацијата што ја имаме овојпат во галеријата е најголемата досега што претставува истовремено изложба и едно огромно дело.Ангела Каранфилова е родена во 2001 година во Битола. Во 2023 година дипломира на ФЛУ при УКИМ – Скопе, на насоката ликовна педагогија со модул вајарство, во класата на проф. Станко Павлески. 2017 година jа имаше своата прва изложба, во 2022 заедно со Кристина Таневска jа отворија изложбата “Актови“ во Скопје. Подоцна, во мај, истата беше отворена и во Кичево и во Битола. Во текот на своето уметничко творештво има стекнато повеке од 45 награди и признаниа. Ангела е сопственик на “КАРАНФИЛОВА АРТ СТУДИО“ каде посветува време на детската уметности  и млади ликовни таленти.

Кристина Таневска е родена во 2000 година во Битола, потекнува од Кичево. Во 2023 година дипломира на ФЛУ при УКИМ – Скопје, на насоката ликовна педагогија со модул вајарство, во класата на проф. Станко Павлески. За време на студите ја добива наградата за студент со нависок просек на Катедрата за ликовна педагогија (2023). Магистрира на ФЛУ – Скопе, во класата на проф. Лован Шумковски, отсек сликарство (2026).

Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1747253870446765&set=pcb.1747254917113327

More from КултураMore posts in Култура »