На 18.10.2026 година, „Мобилност Битола“ ја организираше и успешно изведе традиционалната манифестација „Дефиле на Широк Сокак“, која се одржа по 20. пат, во Битола вообичаено придружена со тематска средба на тема „Игнорирање и инклузија“.
Настанот започна во 10 часот на плоштадот „Магнолија“, каде во присуство на медиумите (МТВ, МИА и “Битола њуз“) беа дадени изјави за содржината и пораките на дефилето и тематската средба.
Присутни беа повеќе членови на „Мобилност Македонија“ од Битола, Штип, Куманово и Кочани, како и други граѓани и заинтересирани за овој настан.
Следеше достоинствено дефилирање од плоштадот „Магнолија“ до хотел „Епинал“, после што сите учесници беа поканети во просториите на ресторанот „Корзо“, каде што се одржа вториот дел, односно тематската средба за игнорирање и инклузија.
По воведната презентација на претседателот прим. д-р Нико Јанков, која се состоеше од два дела.
Главниот збор го имаа поканетите предавачи м-р Биљана Тодоровска од Битола и м-р Василчо Илиев од Кочани, кои слоевито ја прикажаа досегашната пракса на инклузија, посебно во училиштата и насоките со размислувања за понатаму.
Имаше респективна дискусија со која се нотираа предностите и недостатоците при имплементацијата на постоечкиот модел и размислувањата за усовршување и унапредување.
Овде особено се истакнаа претседателот на „Мобилност Македонија“, Бранимир Јовановски и м-р Жанета Ристевска, психолог од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Битола и претседавач на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола, како и други наставници од истото училиште.
Сѐ на сѐ, едно успешно дружење каде главно кај игнорирањето е ставен акцент на „невидливоста“, а кај инклузијата дали по секоја цена и мотото дека „корист треба да има за сите“.
На крајот имаше скромна закуска и освежување од нашите домаќини од ресторанот „Корзо“.
Активностите продолжуваат.

По 20. пат во Битола дефиле на Широк Сокак и тематска средба на “Мобилност Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





