Во Основното општинско училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола успешно е завршена реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија, во вкупна вредност од 80.314 евра.
Со оваа значајна донација се унапредуваат условите за работа и престој во училиштето, се зголемува безбедноста и се создава поквалитетна и посигурна средина за одвивање на воспитно-образовниот процес.
В.Д. директорката на училиштето, Катерина Наумовска истакна дека поддршката од Амбасадата на Јапонија, заедно со инвестициите што ги реализира Општина Битола, претставува значаен придонес во подобрувањето на училишната инфраструктура и создавањето подобри услови за учениците и вработените.
На свеченоста по повод завршувањето на реконструкцијата присуствуваа Амбасадорката на Јапонија г-ѓа Сецуко Кавахара и заменик-градоначалничката на Општина Битола, Марина Крстиќ.
Реализацијата на овој проект претставува уште еден чекор кон создавање побезбедни, посовремени и поквалитетни услови за образование на најмладите.

Со јапонска донација реконструиран кровот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пред следниот серум, еден добар разговор (фотогалерија)
- Влезниците во продажба, а Видомски вели дека целиот фокус е на дуелот со Гдањск
- Мицкоски: 20% пониска цена за м2 за брачен пар до 35 години како решение за станбеното прашање на младите
- Фотоволтаици во уште три основни училишта во Битола
- Од полноќ поевтинуваат бензинот за 2 денари и дизелот за 3,5 денари





