Press "Enter" to skip to content

10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години

Општина Новаци продолжува со конкретни мерки за поддршка на младите и создавање подобри услови за нивно осамостојување и развој.

Со оваа мерка, 27 млади лица до 26 години ќе добијат финансиска помош во износ од 10.000 денари по лице за стекнување возачка дозвола од “Б“ категорија. Возачката дозвола е важна за поголема мобилност, независност и полесен пристап до образование, работа и нови можности.

-Со оваа финансиска поддршка вложуваме во младите и во нивната иднина, создавајќи можности за поголема самостојност и активно учество во општеството. Општина Новаци – инвестира во младите, затоа што младите се иднината на Општина Новаци!, соопштија од Општина Новаци.

More from ВестиMore posts in Вести »