Препознатливиот вкус на KFC пристигнува во Битола, носејќи ново место за уживање во омилените пилешки специјалитети.
На 4 ноември 2026 година, светски познатиот бренд KFC го отвори својот нов ресторан во BLISS Mall & Retail Park во Битола, овозможувајќи им на битолчани и посетителите на градот да уживаат во вкусните оброци.
Новиот ресторан е дизајниран според современиот KFC концепт, со модерен ентериер и пријатен амбиент, создавајќи простор во кој квалитетната храна и дружењето се спојуваат во едно незаборавно искуство.
Со отворањето на деветтиот ресторан во земјава, KFC продолжува да го проширува своето присуство на македонскиот пазар и да ги приближува на сè поголем број на потрошувачи својот уникатен вкус и високите стандарди на услуга.






