Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за физички напад со остар предмет и за поседување 30 ленти со таблети

На 05.11.2026 во 00:25 часот полициски службеници од СВР Битола од ул. „Бранко Радичевиќ“ во Битола го лишија од слобода В.К. (51) од Битола. Според пријавеното , истиот со употреба на остар предмет физички го нападнал О.Б. (37) од Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2026  во 11:30 часот на ул. „Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола, го лишија од слобода Д.Б. (37) од Битола, затоа што при извршен преглед над него, биле пронајдени и одземени 30 ленти со таблети. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.