Од синоќа и во текот на денешниот ден Битола е под силен ветер кој на моменти достигнуваше удари и над 50 километри на час, што предизвика повредување на лица, оштетување возила и откорнати дрвја. Попладнево на терен беше градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
-Според информациите кои ги добив од директорот на ЈП „Комуналец“ со кој попладнево сме на терен, до денеска до 14:30 часот кај нив, во Центарот за управување со кризи, во СВР Битола и во Општината биле пријавени околу 20 паднати дрвја на јавни површини и дворови на станбени згради. Исто така сум информиран дека од паднати дрвја оштетувања се предизвикани на неколку автомобили.
Екипите на ЈП „Комуналец“ и во текот на денот беа на терен, а по прекинувањето на силниот ветер започнаа со целосно расчистување на теренот и отстранување на паднатите дрвја и гранки.
Од информациите добиени од Итната медицинска помош во Битола и Клиничката болница, повредени се 3 лица на кои им е укажана лекарска помош на одделенијата за ортопедија и максилофацијална хирургија и пуштени се на домашно лекување. На овие лица им посакувам брзо закрепнување.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува ветер да дува до вечерните часови. Со оглед на ваквите најави, апелирам на голема внимателност од граѓаните, до стабилизирање на временските услови и комплетно расчистување на теренот од страна на јавните претпријатија, рече градоначалникот Коњановски.

Санирање на штетите од силниот ветер, екипи на ЈП “Комуналец“ на терен (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- УКЛО Битола одржува годишна меѓународна научна конференција за целите за одржлив развој (AISC 2026) (фотогалерија)
- 30 милиони евра за микрофинансирање во Западен Балкан преку програмата SAFE
- СВР Битола: тешко повреден велосипедист на патот за Грција
- „Виена во Битола“ е распродаден – Оркестар ДИВА разгледува можност за втор концерт
- Силен ветер во Битола, паднат голем излог – три дејчиња повредени, пожар во Брусничк-лавчанска населба, паднати дваесетина дрвја





