Бутел – Еурофарм Пелистер 2 27:26 (12:12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 од Битола се минимална поразени со резултат 27:26 во драматичен натпревар против Бутел иако имаа водство од 24:25 на две и пол минути до крајот.
Младите Пелистерци подобро го отворија натпреварот и поведоа со 4:8, но Бутел дојде до позитива, а се стопи и предност, домаќините намалија на минус еден, 9:10. Во последната минута ракометарите на Ангеловски имаа два гола 10:12, а со резултат 12:12, се замина на паузата.
На стартот на второто полувреме Бутел поведе со 13:12, а “пелистерци“ казнија со три гола во серија за 13:15. Момците на Стоилов со три гола во серија дојдоа до 16:15, а потоа и со 20:18. Еурофарм Пелистер 2 израмни, а потоа и поведуваше во два наврати. Во последните пет минути се влезе со реми, 22:22, битолчани останаа со двајца помалку на терен и погодија за 24:25. Чаневски одбрани пенал на Илиески на стартот на последната минута при 25:25. Бутел дојде до 26:25, Пелистер израмни на 26:26.
Еурофарм Пелистер играше без голман во последниот напад, тоа беше шанса за брз гол, што беше и победнички. Од центарот погоди Марковски за големо славје на бутелци.








