-Од средношколските клупи до големи бизнис-идеи: Битола има со што да се гордее! Младите иноватори ја освојуваат сцената на „Средношколец милионер“!
-Со пласман во завршницата и освојување на првото место, тимот има можност да добие инвестиција од 1.000.000 денари за развој и реализација на својата идеја.
-Да ги поддржиме младите битолски иноватори и нивните идеи, затоа што иднината се создава токму овде – меѓу нас!
https://milioner.mk/competition
Ви ги претставуваме некои:
“Iterly – Планирајте паметно, патувајте безгрижно“ – млади битолчани со иновативна идеја во трка за „Средношколец милионер“!
Петмина средношколци од Битола имаат идеја како да го направат планирањето на патувањата полесно, побрзо и попаметно! Маргарита Велјановска, Огнен Петровски, Мила Кадинска, Илина Мојанчевска и Марта Јовановска, ученици од СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола, со својата бизнис-идеја Iterly учествуваат во предизвикот „Средношколец милионер“. Iterly е AI-планер и дигитален туристички водич кој со помош на вештачка интелигенција креира персонализирани планови за патување, приспособени на желбите, интересите и буџетот на корисникот. Апликацијата на едно место ги поврзува планирањето на патувањето, пребарувањето летови и понудите од туристичките агенции, овозможувајќи им на корисниците полесно да го организираат своето следно патување. Со спојување на туризмот и современата технологија, овие млади битолчани нудат идеја што може да го претвори планирањето на патувањата во едноставно и персонализирано искуство! Сега им е потребна вашата поддршка! Поддржете ги Маргарита, Огнен, Мила, Илина и Марта и помогнете нивната идеја да направи чекор поблиску до реализација!
https://milioner.mk/vote/9ea19c14-6cd8-4d3a-b60a-8807840a24bf
Иновација што ги руши границите: Средношколци од Битола и Скопје со “LifeCheck и LifeRing“ во трка за победа!
Кога младоста, знаењето и иновативноста се здружуваат, ниту километрите не се пречка за големи идеи! Матеа Анастасова и Ангела Котевска од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола, заедно со Стефан Кимовски од ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ и Матеј Ивановски од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје, се дел од еден од ретките меѓуградски тимови во предизвикот „Средношколец милионер“. Нивната идеја LifeCheck и LifeRing претставува иновативно решение за паметно здравје. Платформата овозможува следење на здравствената состојба и полесна комуникација со матичниот лекар, додека паметниот прстен ги следи виталните параметри во реално време. Иако доаѓаат од различни градови и училишта, овие млади иноватори ги обединува една цел – технологијата да ја стават во служба на здравјето! Сега им е потребен вашиот глас! Поддржете ги Матеа, Стефан, Ангела, Матеј и нивниот тим!
https://milioner.mk/vote/86bdd22b-fbc2-403a-8421-fa0bdf575b28
Со “MODEL D“ сакаме да покажеме дека секоја идеја може да добие реална форма!
Ние сме петмина средношколци по име: Руби Михаилов, Симона Матлијовска, Јован Тасевски, Петар Кондовски и Михаил Младеновски кои учествуваат на натпреварот „Средношколец милионер“ со својата иновативна идеја MODEL D. Станува збор за AI софтвер кој овозможува корисниците преку текст или слика да ја претстават својата замисла, а вештачката интелигенција автоматски да креира 3D модел подготвен за 3D печатење. На овој начин, сложениот процес на 3D моделирање го правиме поедноставен и подостапен за сите. Нашата визија е оваа технологија да пристигне и кај нас, овозможувајќи им на корисниците не само да ги создаваат своите 3D модели, туку и да ги испечатат и претворат своите идеи во вистински производи. Многу би ни било мило ако не споделите да добиеме што може повеќе гласови! Ви благодариме за одвоеното време и разгледувањето на нашата идеја!
https://milioner.mk/pre-vote/cf8d1165-f16d-4f57-b01a-ac3908350e31
“Модна револуција од Битола“ – четворица средношколци со “TRYME“ во трка за „Средношколец милионер“!
Може ли да ја пробате облеката виртуелно, пред воопшто да ја купите? Четворица млади битолчани имаат идеја како тоа да стане реалност! Кристијан Јаковлески, Невена Бундоска, Стефани Лајчароска и Виктор Нешкоски, ученици во трета година во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола, со својата бизнис-идеја TRYME обезбедија место во следната фаза од националниот натпревар „Средношколец милионер“. TRYME е иновативна модна апликација и веб-платформа која со помош на вештачка интелигенција овозможува виртуелно пробување облека, препораки за соодветна големина, стил и комплетни модни комбинации. Корисниците можат да прикачат своја фотографија и да видат како одредено парче облека би им прилегало, а врз основа на нивните карактеристики, модни преференции и поводот за кој се подготвуваат, платформата предлага персонализирани модни комбинации. Со оваа идеја младите битолчани нудат современо решение за полесно, побрзо и посигурно онлајн купување – докажувајќи дека иновациите и претприемачкиот дух започнуваат уште од средношколските клупи! Сега е време за поддршка! TRYME продолжува во фазата на гласање, а на тимот му е потребна вашата поддршка за да ја продолжи својата приказна во „Средношколец милионер“. Поддржете ги Кристијан, Невена, Стефани и Виктор! Гласајте за TRYME на следниот линк:
https://milioner.mk/vote/2249c23e-f502-41aa-90af-bfc2a73080a4
“Спореди паметно, заштеди повеќе“ – шестмина млади битолчани со бизнис-идеја во трка за „Средношколец милионер“!
Како да купуваме попаметно и да заштедиме повеќе? Шестмина млади битолчани имаат идеја што може да го олесни секојдневното пазарување! Даниел, Костадин, Надја, Михаела, Александра и Исидора се дел од предизвикот „Средношколец милионер“ со својата бизнис-идеја Sporedi.mk – веб-платформа која овозможува споредување на цените на различни производи од повеќе продавници во Македонија, на едно место. Посебна вредност на платформата е нејзиниот AI асистент, кој им помага на корисниците да ги пронајдат најсоодветните производи и понуди според нивните потреби и расположливиот буџет. Со мотото „Спореди паметно, заштеди повеќе!“, младите иноватори сакаат да го направат купувањето полесно, побрзо и поисплатливо за секого.
https://milioner.mk/vote/98d6853b-af58-4910-9da4-004fdd09d7cd
“Nexora AI“ – Паметно управување, повеќе ефикасност! Двајца средношколци од Битола со иновативна технолошка идеја!
Може ли вештачката интелигенција да го направи управувањето со дигиталните системи поедноставно и поефикасно? Двајца млади битолчани имаат идеја како тоа да стане реалност! Христијан и Данило, ученици во РЦСОО „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, стојат зад Nexora AI, современа платформа која има за цел да го олесни управувањето со повеќе AI агенти, да заштеди време и да ги намали трошоците. Платформата нуди две главни функционалности: Nexora Control – овозможува управување и контрола на повеќе AI агенти и нивните задачи од едно централно место. Nexora Insight – ги анализира нивните перформанси, открива каде се губат време и ресурси и помага во пронаоѓањето решенија за подобра ефикасност. Со оваа идеја, младите битолчани нудат практично решение за сите што користат повеќе AI агенти и сакаат да имаат подобар преглед, контрола и оптимизација на нивната работа. Двајца млади умови, една заедничка визија! Со Nexora AI, Христијан и Данило покажуваат дека иновациите и технолошките решенија можат да започнат токму од средношколските клупи.
https://milioner.mk/vote/a4bfcdd4-7bcf-41ac-ac3a-bed8d727ae6f






