Press "Enter" to skip to content

Првата аукција за акциите на Алта банка Битола ќе се одржи на 30 ноември

Првата аукција за продажба на 372.742 акции во Алта банка Битола е закажана за 30 ноември 2026 година. Пакетот претставува 95,336% од вкупниот број акции и е во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност по моделот „сè или ништо“, односно заинтересираните купувачи ќе можат да го купат само целиот пакет.

Почетната цена е 3.777 денари по акција. Ако акциите не се продадат на првата аукција, следните ќе се одржат на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година, а почетната цена ќе се намалува за 10% во однос на цената на претходната аукција.

Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за претходна согласност за стекнување квалификувано учество во банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови.

More from ВестиMore posts in Вести »