Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска оствари работна средна со новиот турски амбасадор во Македонија Алпер Акташ, на кој му посака добредојде во Битола и го информираше за градот со својата културна и историска традиција.
На средбата градоначалникот Коњановски го запозна амбасадорот Акташ со досегашните добри релации на Битола со неговата земја и со збратимениот град Бурса, во насока на продлабочување на соработката.
Двајцата соговорници ги потврдија одличните релации на соработка на повеќе полиња, со акцент на економијата и културата, како и во делот на туризмот, каде туристите од Турција се едни од најбројните кои ја посетуваат Битола.
Градоначалникот Коњановски и амбасадорот Акташ изразија подготвеност за продолжување на редовната комуникација и за интензивирање на соработката.






