Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријавено семејно насилство, битолчанка и битолчанец возеле иако возачката им биле одземена, трет возел без возачка

На 20.11.2026 во 02:00 часот на ул. „Смилевски конгрес” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Б. (43) од Битола бидејќи упатувал закани кон неговата сопруга и нивните малолетни деца. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.11.2026 во 11:30 часот на бул.„1 Мај” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода З.В. (57) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото, иако има активна забрана за управување. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.11.2026 во 14:15 часот на ул. „Јане Сандански” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(21) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „даеву” со битолски регистарски ознаки, кое А.Р. го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.11.2026 во 18:25 часот на ул. „Македонски Гемиџии” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода А.А. (28) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, кое го управувала и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото иако има активна забрана за управување. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
More from ВестиMore posts in Вести »