Press "Enter" to skip to content

Богослужба и одбележување на слава за Св. Архангел Михаил во манастирот над Битола – на Баирот (фотогалерија)

Денес, ова 2026 лето Господови, манастирот на Баирот, над Битола посветен на Св. Архангел Михаил го слави и одбележува денот на Свети Архангел Михаил, војвода на сите ангели – водач на сите небески сили.Ниту силниот дожд кој врнеше додека верниците се искажуваа над Баирот не ги спречи верниците да присуствуваат на утринската Богослужба, а секако вредните домаќонки да ги принесат лепчето и да го “испеат“ за куќната слава.По тој повод војвода на сите ангели – водач на сите небески сили се одржаа две богослужби, вечерва и утринска, се “свети“ вода и заедно со домаќините и сите на кои бра присутни “кренаа“ лепче за здравје.-Господ кога го создавал светот, според Светото предание, најпрво го создал невидливиот свет, а водач на сите тие Архангели бил Сатанаил. Сатанаил бил најдобар, најголем и посакал да стане Бог. И токму поради тоа Господ го дарувал со сила Михаил, кој во  таа духовна борба победува Светиот Архангел Михаил, само со еден збор “Да внимаваме“. Денес ние сме дојдени пред Бога, пред Светиот Архангел Михаил и даваме некаков завет и велиме “Да внимаваме“, се молиме и го исполнуваме Божјите заповеди, стои запишано во Библијата.-Денес сите заедно го одбележуваме празникот на Светецот Архангел Михаил, рекоа сегашните и идните кумови, кпи на сите верници им го честитаа празникот, на сите кои имаат слава да им честитаа славата, но и на сите да ни биде честит Денот, со желба сите да бидеме здрави и живи, и да се гледаме само за убави работи.-Секако да се биде кум на овој ден значи да се помага на манастирот, да се биде дел од неговата изградба. Тука сме секогаш, без разлика дали ќе бидеме кумови или не, порачаа верниците, кои како рекоа ќе се  се потрудат и иднта година, на овој ден  достоинсветено да ја одбележат славата на манастирот “Св. Архангел Михаил“ кој се наоѓа во близина на Битола, над Баирот.-Денес да се искачи некој на манастир по ваков дожд, над Баирот, значи само едно, голема верба во Бога и чест за Светецот кој го славиме. Многу падна дожд, но тоа не не спречи да бидеме тука, а после Богослужбата се разведри, се појави сонце, а сето тоа е Господова работа. Бог не стави на млало искушение, ние го поминавме.

Инаку, да кажеме и тоа дека црквата “Св. Архангел Михаил“ се наоѓа во месноста Баир во Битола, над манастирот ““Св. 40 маченици“ – Кркардаш или над меѓуградскиот патен правец М5 кој ја поврзува Битола со Охрид. Од ова место има единствен преубав поглед на Битола, на Пелистер, на Пелагонија, на Кајмакчалан, а се гледаат и термоелектраните во Грција.Според месните жители, ова свето место постои веќе четириесет години. Големиот манастир посветен на Св. Архангел Михаил и е во фаза на изградба, а веднаш до него е малото црквиче кое се секогаш отворено, каде битолчани можат да запалат свеќа, да се помолат, а намерниците да се заштитат при невреме.Малото црквиче го изградил брачен пар од Битола, а еден од луѓето кој ги постави темелите за новиот манастир беше Јован Ковачевски – Јован Ковач, кој има изградени голем број манастири. Поради неканонско градење се турна дел од манастирот, а сега е направен нов. Моментално се работи на внатрешно уредување на манастирот.

Текст и фото: Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1788981729607312&set=pcb.1788982442940574

More from ВестиMore posts in Вести »