Во организација на црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола денес по Широк Сокак се одржа литија со чудотворната икона на Пресвета Богородица Паљурска, а верниците, Католици, кои во Битола, дојдоа од различни градови и места имаа ретка прилика да ја чествуваат и да се помолат пред неа.
Настанот започне со свечен прием на чудотворната икона, а потоа се одржа сведоштво и катехеза во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола.
Монсињорот д-р Киро Стојанов, во заедништво со свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија, служеа Света Литургија, а потоа следуваше процесија низ Широк Сокак со иконата на Пресвета Богородица Паљурска.
Централно место во ходочестието имаше иконата на Мајка Божја Утешителка – Паљурска, која е поврзана со најзначајното католичко ходочесничко место во Македонија. Иконата меѓу верниците се почитува како чудотворна, а со светилиштето во Паљурци се поврзуваат сведоштва за услишени молитви и примени благодати по застапништвото на Богородица.
Почитувањето на Пресвета Богородица во Паљурци особено се развива на почетокот на XX век. Во 1908 година епископот Епифание Шанов во Паљурци го посветил македонскиот народ на Пресвета Богородица.
Иконата меѓу верниците се почитува како чудотворна, а со светилиштето во Паљурци низ годините се поврзуваат сведоштва за услишени молитви и бројни и примени благодати по застапништвото на Пресвета Богородица. Паљурци повторно прераснува во духовен и ходочеснички центар.
Парохијата од Битола претходно ги повика верниците да се приклучат овој молитвен настан и да се доверат под застапништвото на Пресвета Богородица.
Текст и фото: Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1789032679602217&set=pcb.1789033646268787






