Press "Enter" to skip to content

Дрвокрадци го оштетија собирниот канал, “Стрежево“ – Битола ја санира штетата

При вршење бесправна сеча и извлекување дрвна маса, несовесни граѓани оштетија и уништија дел од заштитните бетонски плочи на собирниот (алимен­тационен) канал на „Стрежево“.-Со навремена интервенција на екипите на ЈП „Стрежево“ – Битола, со ангажирање на сопствена механизација, штетата е успешно санирана, а заштитата и непреченото функционирање на каналот се обезбедени, соопштија од претритието, и упатија апел:-ЈП „Стрежево“ – Битола апелира на совесно и одговорно однесување и почитување на водостопанската инфраструктура. Заштитата на водостопанската инфраструктура и природните ресурси е заедничка одговорност и обврска на сите нас.