Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за марихуана, пронајдено починато лице, 18 годишник возел без возачка

На 27.11.2026 во 00:40 часот на патот Битола-Ресен, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Л.Ф.(41) од Охрид затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.11.2026 во СВР Битола е пријавено дека во сместувачки капацитет на ул. „Македонска фаланга” во Битола  била пронајдена почината Б.П. (41) од Битола. Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено во Судска медицина за обдукција.

На 26.11.2026 во 23:30 часот на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.С. (18) од с.Крклино, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило  „фолксваген “ со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото, без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »