Press "Enter" to skip to content

Претседателката на Македонија – Силјановска Давкова во Битола на настанот „Гласот на младите-еднакви можности и иднина без насилство“ (фото)

Во присуство на претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, денес во Офицерскиот дом во Битола се одржа настанот „Гласот на младите-еднакви можности и иднина без насилство“ во рамките на проектот „Спорт без насилство-Младински форум  за фер плеј“, во организација на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола.Настанот беше непосреден дијалог меѓу младите, претседателката на Македонија, градоначалникот на Битола, претставници на национални и локални институции, образовниот сектор и граѓанските организации.Во свото обраќање градоначалникот на Битола Тони Коњановски изрази благодарност што Здружението „Сумнал“ со поддршка на Општина Битола многу активно преку едукативни работилници, спортски активности, тимски предизвици и интерактивни средби, овозможува младите да развиваат вештини за ненасилна комуникација, справување со конфликти, меѓусебно почитување, самодоверба и тимска соработка.-Сите ние имаме обврска да создадеме простор за непосреден дијалог меѓу младите и носителите на одлуките, кои се нивните размислувања и потреби, односно да го слушнеме нивниот глас и заедно да го артикулираме во решенија во интерес на младите и на целата заедница. Верувам дека и овој настан ќе поттикне посилен дијалог меѓу младите и институциите, ќе ги идентификуваат конкретните потреби и предизвици и ќе се формулираат младински предлози за подобрување на пристапот до образование, спорт и можности за личен развој, истакна градоначалникот на Битола.Пред присутните се обрати и претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова.

-Добро е што до мене седи градоначалник кој патем е лекар и подобро од мене ја знае врската меѓу спортот, физичкото и духовното здравје. Спортскиот дух дава самодоверба, ве прави компеттитивни, не само што ви го подобрува духовното и физичкото здравје, туку и ве учи и на толеранција и затоа мислам дека многу вреди да се вложува во спортот. Понекогаш јас велам дека традиционалната дипломатија е важна, меѓутоа културната, спортската дипломатија, научната, образовната, можат нешто повеќе со помалку труд да постигнат, рече меѓу другото претседателката Силјановска Давкова.
Основната порака од настанот беше дека секој млад човек, без разлика на потеклото, пол или социјална положба, заслужува еднаква можност да учи, да се развива, да биде слушнат и да живее без насилство.