Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на Ковид-19 од Битола се 4.
Регистрирано e 61 оздравен пациент од Битола се 6.
До сега во Битола има 15.708 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 41 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.
Направени се во Битола, 33 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 15 и “Плодност“ 18.
Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431.