На 11.06.2022 во 23:30 во Битола на паркингот на “Пелгонка 2“, од страна на полициски службеници од ПС од ОН Битола поради основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик лишени од слобода 18 годишник од село Буково и двајца малолетници од Битола.
При преглед кај нив беа пронајдени и одземени две ќеси со марихуана.
По документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.