Млад планинар од Битола претходните два викенди во повеќе пластични вреќи го собра отпадот расфрлан по патеката меѓу рампата кај ЗРЦ “Нижеполе и “Орлови Бари“, односно по патеката која планинарите и рекреативците од Битола ја поминуваат да дојдат до Големо Езеро. Најголем дел од спакуваниот отпад го оставил на две места заради неможност од носење. -Сакам да упатам апел надлежните да го отстранат, а јас не можам тоа да го направам. На почетокот на патеката се уште има отпад колку за една вреќа, бидејќи немав повеќе амбалажа за собирање, а тоа ќе го направам следниот пат. Инаку, отпадот без исклучок е фрлан од берачите на боровинки, кој додава и дека не сака да се открива неговоти име, бидејќи ова не го правел заради реклама, туку едноставно, од љубов кон Баба планина.

Млад планинар од Битола, кој два викенди собираше отпад од Нижеполе до Орлови Бари, не сака да биде објавено неговото име
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)