Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 937 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 6.
Регистрирани сe 60 оздравени пациенти од Битола се 10.
До сега во Битола има 15.730 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 31 случај.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.
Направени се во Битола 34 тестови преку ЦЈЗ Битола 29 и преку “Плодност“ 5.
Досега во земјата се направени вкупно 2.068.585 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.748, бројот на оздравени пациенти е 303.065, на починати е 9.318.