Press "Enter" to skip to content

РК Пелистер идната сезона и без десното крило Реваз Чантурија

Десното крило на РК Пелистер, Ревас Чантурија, еден од најискусните ракометари, не се договорри со управата на клубот и се одлучи својата ракометна кариера да ја продолжи во друг клуб, заминувајќи од Битола и Пелистер. Инаку, Чантируја настапуваше за Пелистер веќе трета сезона по ред, а во Пелистер беше како повратник. Каде десното крило ќе ја продолжи својата ракометна кариера не знаеме, а тој веќе работи и на добивање на тренерска лиценца.

По завршувањето на сезоната екипата на Пелистер ја напуштија Теимураз Орјоникидзе, Михајло Митиќ, Жарко Чуриќ, Томислав Јагуриновски и Бојан Маџовски, давјцата се вратија во Металург.

Досега екипата на Пелистер се засили со левото крило од Црна Гора, Милан Поповиќ кој дојде од унгарскиот Вац, а потпиша нови договори со голманите голманот Милош Рајчиќ и младинскиот репрезентативец голман на Црна Гора, Јагош Брауновиќ, како и пивотменот Костадин Петров и левото крило Никола Ивановски.

More from СпортMore posts in Спорт »