Press "Enter" to skip to content

Босанскиот голман Харис Плех од Анкара доаѓа во Битола како засилување за ракометниот клуб Пелистер

Управата на ракометниот клуб Пелистер потпиша два годишен договор со младиот босански репрезентативен голман, Харис Плех, кој во Битола доаѓа од турскиот ракометен клуб МЈК од Анкара.

Босанскиот ракометен интернационалец Харис Плех има 22 години иако млад има богата интернационална кариера, а потекнува од ракометниот клуб МРК од Горажде. Потоа настапувал за ХИФК од Хелсински, АЕК од Атина и МЈК од Анкара.

Харис Плех е второ засилување во дресот на Пелистер откако пред некој ден потпиша Милан Поповиќ од Црна Гора, со што Пелистер полека го составува новиот тим за наредната сезона.

More from СпортMore posts in Спорт »