Press "Enter" to skip to content

Емилија Трајковска од СК “Јане Сандански“ прва на државното првенство со воздушна пушка во младинска категорија

На државното првенство (национална програма) во стрелаштво со воздушна пушка, кое се одржа неодамна во Скопје, битолчанката Емилија Трајковска од стрелачкиот клуб “Јане Сандански“ е победник во во категоријата младинки. Трајковска стана државен првак откако погоди 328 круга.

И вториот стрелец од овој клуб Марин Апчевски постигна одличен резултат освојувајќи го второто место во категорија младинци со погодени 294 кругови.

-На ова државно првенство се претставивме скромно, но од резултатите кои ги постигнаа нашите стрелци, јас и сите членови на клубот, сме презадоволни. Имавме малку стагнација во клубот, но сега се надевам дека од натпревар во натпревар ќе бидеме подобри и ќе се појавуваме со поголем број на натпреварувачи-стрелци кои во клубот и во Битола ќе носат медали за освоени високи пласмани, ни рече Кочо Чака, претседател на стрелачкиот клуб “Јане Сандански“.

More from СпортMore posts in Спорт »