Press "Enter" to skip to content

Кој сака да глуми Германец во Швајцарко-белгиски филм утре задолжително на аудиција

Почитувани сограѓани од Битола, на 21 јуни четврток, од 11.00 до 18.00 часот, ќе биде во тек аудиција за новиот филм на Швајцарско-Белгиска филмска продукција.

Аудицијата ќе се одржи во фоајето на Центарот за култура – Битола (како и за секоја аудиција), а старосната граница е од 14 до 80 години.

Се бараат, исто така, млади момци од 17 до 35 години кои би можеле да претставуваат Германци. Сите ликови во филмот ќе претставуваат француски граѓани, дејствието се случува во 1976 година.

Кој сака да учествува во филмот задолжително да се јави на аудицијата, бидејќи фотографии преку маил и facebook не се валидни за овој филм.