Press "Enter" to skip to content

Д-р Маргарита Камбовска, од болницата “Плодност“ предавач на интернационална конференција во Португалија (фото)

Стручноста и научното образование кое докторите во Болница „Плодност“ го применуваат и на своите пациенти, е препознатлива и призната насекаде во светот.

Доказ за тоа се поканите од организаторите на врвни светски конгреси и научни собири, упатени до стручниот тим на болницата.

Деновиве во градот Капарика во Португалија, се одржа 3-тата Интернационална конференција на тема „Ултразвучно-базирани апликации: од анализа до синтеза“.

На оваа конференција, на која присуствуваа голем број учесници од целиот свет, предавачи беа врвни светски имиња од областа на медицината, науката и технологијата.

На покана на организаторите на конференцијата, свое предавање одржа и д-р Маргарита Камбовска, специјалист-педијатар во Болница „Плодност“, на тема „Микциона уросонографија со второгенерациски контраст (Sonovue) за дијагноза на везикоуретерален рефлукс: прва пилот студија“.

Оваа тема наиде на одличен прием од страна на учесниците на конференцијата, особено затоа што е базирана на практичната работа на д-р Камбовска.

Ова е уште еден во низата успеси на докторите од Болница „Плодност“, како доказ на светски признати специјалисти, кои своите искуства ги презентираат пред претставници од целиот свет.