Press "Enter" to skip to content

Општина Битола со демант за менување на ДУП за изградба на камп за бегалци

Информација за јавност

Последниве денови од страна на поединци и одредени групи, низ социјалните мрежи се шират шпекулации и дезинформации за наводна иницијатива за измена на Детален урбанистички план, со кој се предвидува изградба на камп за бегалци во градот.

Општина Битола, ја информира јавноста, дека тоа е чиста шпекулација, чии мотиви се познати само на оние, кои ја шират дезинформацијата и дека во општината нема пристигнато никаква иницијатива за измена на ДУП за изградба на камп за бегалци.