Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник го промовира првото засилување за наредната сезона

Битолскиот ракометен супер лигаш, Еурофарм Работник го промовираше првото засилување за наредната сезона, а тоа десното крило Милан Џукич, кој доаѓа во Битола од екипата на Железничар од Ниш, Србија.

Договорот кој е потпишан вчера, го обрврзува Ѓукиќ на верност со Еурофарм Работник, една сезона.

Милан Џукиќ со секоја екипа во која настапувал освојувал титули, а минатата сезона со Железничар го освои Купот на Србија и имал одличен просек на постигнати голови, седум, по натпревар.

Инаку, Џукиќ има големо интернационално искуство. Покрај во екипата на Железничар, има настапувано за Раднички од Крагуевац, Војводина од Нови Сад, Мешков Брест, Железничар од Ниш и повремен репрезентативец на Србија.

Во својата кариера има освоено голем број трофеи во националните првенства и Куп натпреварувањата. Со Мешков Брест, Борац од Бања Лука и Војводина ја освоил двојната круна.

Што се однесува до составот од минатата сезона се знае дека оваа сезона Еурофарм Работник ќе го нема во своите редови капитенот Игор Трајковски, кој ги оперира лигаментите на десното колено.

More from СпортMore posts in Спорт »