На последната седница на Советот на општина Битола беше расправано и за барањето на решение за обнова на опожарениот планинарски дом на Пелистер, “Копанки“.
По тој повод координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Битола, Методија Илиевски вели:
-На седницата во средата беше донесен заклучок за започнување на постапка за изнаоѓање на решение за обнова на планинарскиот дом и тоа во неколку точки:
-Советот на општина Битола заклучува дека треба да се најде начин за обнова на Планинарскиот дом “Копанки“.
-Советот на општина Битола се обврзува дека ќе обезбеди средства во износ од 100.000 (сто илјади) евра за обнова на Планинарскиот дом “Копанки“.
-Советот на општина Битола го повикува Планинарското спортско друштво Пелистер да продолжи со разговорите со градоначалникот на општина Битола за градење на взаемно прифатливи услови поврзани околу изградбата на Планинарскиот дом “Копанки“ во интерес на општото добро.
-Општина Битола во овој момент нема законски основ за вложување во Планинарскиот дом “Копанки“ бидејќи 100% сопственик на истиот е Планинарското спортско друштво Пелистер.
-Заклучокот влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавен во “Службен гласник на општината Битола“.






