Press "Enter" to skip to content

Борјан Маџовски се враќа во Пелистер, заминуваат капитенот Димитровски и Чуриќ?!

Левото крило Бојан Маџовски од Пелистер заминува за Металург, а во спротивен правец од Автокоманда во Битола се враќа неговиот брат, Борјан Маџовски. Ова е прво засилување за Пелистер од домашната лига за следната сезона, а претходно промовира и две засилувања од странство.

Но, паралелно со вестите за доаѓање се и вестите за заминување од клубот. Капитенот на Пелистер, Васко Димитровски по разговорите со Управата најверојатно нема да биде капитен на тимот и ќе бара нов клуб. Димитровски има 35 години, досега освен за матичниот клуб има настапи и за скопски Вардар.

Освен пивотменот Димитровски, Пелистер во наредната сезона ќе го нема и хрватскиот интернационалец Жарко Чуриќ, кој по една година во Пелистер во следната сезона ќе го носи дресот на холандскиот претставник во БЕНЕ Лигата, КРАС Волендам. Чуриќ во Пелистер дојде од екипата на Дубрава.

Се очекува Пелистер за брзо време да соопшти кои ќе бидат новите ракометари во екипата првенствено на бековските позиции.