Деновиве се прославуваат 70 години од постоење на Ираелската држава исто така и денот на независноста, а овој значаен ден за Израел беше одбележан и во Битола, и беше нарече средба со пријатели, во присуство на амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Оријан.

Битолчани заедно со гости од Израел го одбележаа овој ден во Магазата, каде присутните ги поздрави и зборуваше за денот на независноста амбасадорпт Оријан, а специјално за битолчани, амбасадорот овозможуви посебен перформанс на гостите од Израел коишто, ден претходно, со свој концерт го отвараат овогодишното Скопско Лето.

Претходно гостите од Израел ги посетија и Евреските гробишта во Битола, каде за депортираните битолски евреи и за меморијалниот комплекс им раскажуваа амбасадорот Дан Орија, Шели Леви и Мима Герас Дочовска.

По повод денот на независноста на Израел пријателска дружба и во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени
- Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола





