Press "Enter" to skip to content

Среден бек и кружен напаѓач – нови засилувања во РК Пелистер

Ракометниот клуб на Пелистер за само два дена реализира две нови засилувања на играчките позиции среден бек и кружен напаѓач.

Вчера нов член на РК Пелистер стана иранскиот ракометар Мошен Карамиан, на позицијата на кружен напаѓач. Карамиан има 23 години кој е стандарден репрезентативец на Иран, а според висината од 2 метри и тежината 110 килограми, ирачаните го викаат “ракометан џин“.

Ако Карамиан беше четврто засилување за “пелистерци“, а денес Управата на Пелистер најави и петто засилување, а тоа е Марко Кобетиќ, хрватски интернационалец кој има 28 години и игра на позиција на среден бек, кој настапуваше за екипата на Охрид.