Борче Костов – Жолтио за брзо време повторно го освои третото место во Србија, а овој пат со пехар за третото место се врати од Крушевац, БМУ Европскиот шампионат, во категоријата МХ3 (ветерани).
-Како и на претходната трка која се возеше во Србија, така и на оваа во Крушевац го освоив третото место. Трката се возеше во Крушевац, а беше БМУ Европскиот шампионат во Крушевац. Иако имав добра конкуренција сепак успев да дојдам до третото место, што за мене и за мојот клуб Ноќни Волци е голем упех. Како и на претходната трка во Чачак немав многу време за подготовки, по трката која беше во Лагово, Прилеп. Направив само редовен сервис на моторот, а буквално од кола се упатив на трка, вели Борче Костов – Жолтио, кој додава дека ќе продолжи со тренинзите и сака да се појави на трките од Источно европскиот шампионат.
-Морам да повторам дека се уште возам за скопскиот клуб Ноќни Волци, а нашиот претседател, Ленин Јовановски ни е единствен спонзор, а ми помагаат и некои други, но се надевам дека ќе има и други посериозни кои ќе ни помогнат за уште поголеми успеси.
Инаку, Костов во почетокот на месецов се натпреваруваше во Србија, во отворениот шампионат на Србија, кој се возеше во Чачак и таму беше третопласиран.






