Press "Enter" to skip to content

Младинците на РК Пелистер на силен меѓународен турнир “Данаон куп“ на Пелопонез, Грција

Младите ракометари на ракометниот клуб Пелистер утре ќе патуваат за Грција, каде ќе учествуваат на силен меѓународен ракометен турнир “Данаон куп“ во местото Нафлио, на грчкиот полуостров Пелопонез, близу Атина, кој ќе се одигра од 2 до 7 јули.

На овој меѓународен младински турнир ќе учествуваат вкупно 52 екипи од повеќе земји, а екипата на Пелистер ќе ја водат тренерите Михајло Силјанов и Алекдандар Зарков, а екипата ќе биде составена од 18 ракометари.

За тоа со кој ќе се натпреварува екипата на Пелистер, која ќе патува во Грција, тренерот, Михајло Силјанов вели:

-Младинската екипа на Пелистер ќе се натпеварува во категорија младинци до 18 година, а во нашата група ќе бидат и две национални младински селекции, односно младинските репрезентации на домаќинот Грција и на Црна Гора. Покрај селекциите и Пелистер во нашата група ќе бидат екипи од екипата Халби од Шведска, селекција на Атина и тимот на Диоминис. Ова ќе биде силна група и вистински предизвик за нашите младинци да одиграат против квалитетни екипи и тест за нивната подготвеност.

Натпреварите екипата на Пелистер ќе ги игра на 4 јули две средби по една на 5 и 6 јули, а за ваквиот збиен календар Александар Зарков ни рече:

-Тргнуваме од Битола утре доцна навечер, на Пелопонез ќе бидеме понеделник попладне на 3 јули, вторник ќе се одмориме, а во среда стартуваме против екипата на Халби во 11 часот, а некаде во 22 против екипата на селекцијата на Грција. Ова е турнирски систем и се надевам дека младите ракометарите на Пелистер ќе ги издржат сите напори од патувањето и натпреварите бидејќи се добро подготвени.

Во врка со учеството на овој силен меѓународен турнир Силјанов додава дека покрај нивната ангажираност треба да спомене и комплетната поддрша од управата на ракометниот клуб Пелистер и посебното залагање на претседателот Васко Ковачевски и техничкиот директор Борче Корлевски.

Треба да се спомене дека иако сега е пауза поради учеството на овој “Данаон куп“ во Грција младинците на Пелистер имаа мини подготовки каде работеа на кондиционен и тактички план, а одиграа и пријателски натпревари.

More from СпортMore posts in Спорт »