Органицијата на Сојуз на борци од Битола и граѓаните продолжувачи на нивното дел вчера во киното “Манаки“ во Битола одржа свечена академија посветена на 80 години од формирањето на партизански одреди и загинувањето на битолските партизани од НОАВМ како и 75 години – Сојуз на борци од НОАВМ.
На настанот се обрати претседателот на Сојуз на борци од Битола, Стефан Бошков, со осврт на работењето на организацијата како и мислење за актуелната политичка ситуација, а нагласи дека битолската организација е најактовна организација во државата.
–Манифестот на АСНОМ има исто значење за нас како Декларацијата за независност на САД, а дали некој таму ќе се дрзне да не ја почитува таа декларација, како што се прави кај, преку примерот со отворање на клубот “Ванчо Михајлов“ – бугарскиот неофашистички клуб, и “Борис Трети“, а можеби следува генерал Маринов. Бугарскиот неофашизам создава нова нација – граѓани со бугарска самосвест, не по раѓање.
Уште во 1941 година Бугарите имале обиди да се направи прослави Илинден, но битолчани се спротиставиле со растурање летоци, но и сега се искривува историја, рече Бошков на Академијата, кој ги најави и следните активности на Сојузот на борци, поставување на нови бисти на загинатите борци и реконтрукција на Партизанските гробишта.
Воедно, на настанот беа опфатени партизанските одреди кои се формирале во 1942 како и партизаните кои загинале во 1942 година.
Пред присутните се обрати и Ивана Атанасовска, а свој настап имаше и дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште во Битола, а на самиот крај се обрати и професорот Јован Кочанковски.
Претходно, во текот на денот беше положено цвеќе на споменикот на Стив Наумов, кај Офицерски дом во Битола.

Сојузот на борци одржа Свечена академија посветена на 80 години од формирањето на партизанските одреди… (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





