Денес на површина од 3,500 метри квадратни, започна со работа новиот битолски пазар на големо, или како битолчани го викаат продажба од камиони, кој е сместен кај “Сточниот пазар“ во Битола со кој стопанисува ЈП “Пазари“ од Битола.
Пазарот на големо сега е на чиста, оградена и уредена површина, со сите неопходни услови за сите закупци на земјоделски производи и им нуди: подлога со гребен асфалт, тоалети, вода, лед oсветлување, паркинг за лесни возила, а целиот простор е целосно ограден.
Од денес продавачите и купувачите добија пазар за продажба на големо, а продавачите од можат бесплатно да го користат овој простор обезбеден од ЈП “Пазари“ за продажба на своите производи, а со отворањето на овој нов пазар се стави крај на продажбата на диво, на паркинзи и зелени површини, и по улици низ Битола.

Кај “Сточниот пазар“ во Битола започна со работа пазар на големо, продавачите бесплатно го користат
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





