Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 704 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 2.
Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од Битола се 7.
До сега во Битола има 17.905 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 39 случаи.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани 2 починати лица, 1 од Битола на возраст од 60 години.
Направени се во Битола 15 тестови во ЦЈЗ Битола 13 и во “Плодност“ 2.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.180 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.