Вечерва во Офицерски дом во Битола се одржа трибина насловена “Жените во минатото, сегашноста и борбата на жената за Македонија“, во организација на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
Трибината е во рамки на програмските активности на УЖ при ВМРО-ДПМНЕ организирани од претседателката Ангела Диневска и нејзиниот тим, наменети за граѓаните, а предавач беше проф. Д-р Виолета Ачкоска, македонски историчар.
На трибината гостуваше и Претседателката на УЖ ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, актуелен пратеник во Собранието на РМ, како и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Пеце Милевски.
Кога се спојуваат зборовите „минато“ и „жени“ тоа често асоцира на специфичниот општествен однос кон жената кога религиските норми и физичката слабост наметнуваат дискриминаторски однос кон жените од секоја возраст. Не само што не смееле да го стават под прашање аворитетот на било кој маж од семејството или околината, ами и не смееле да го предизвикаат. А сепак од минатото, до денес , од кралицата Клеопатра преку св. Лидија Македонска, св. Злата Мегленска, Сирма и ајдутските војвотки, баба Недела Петкова и нејзината ќерка кои го извезле знамето илинденско, до Естреја Хаим Овадија и Елипда Караманди, Марија Бунева и Мирка Гинова и, до секоја жена од денешницата, жените се спротивставуваат на потчинетоста и маргинализирањето, ја земаат судбината во свои раце и ја обликуваат иднината на своите држави.
Дали жената од Македонија во 21 век се соочува со нови или стари предизвици,ги користи или страда од стереотипи и предрасуди, како да се избори со предизвиците на новото време кои во Македонија толку многу наликуваат на тие од минатото, беа прашањата за кои се разговараше на трибината.
Проф. Д-р Виолета Ачкоска – македонски историчар и универзитетски професор, а како истражувач и универзитетски професор, Ачкоска е автор и коавтор на над 40 монографски и други трудови, автор на околу 100-тина научни статии и поголем број публицистички и други пишувани трудови (прикази, фељтони, колумни, интервјуа, промотивни слова итн.), автор и коавтор на учебници за историја во основното и средното образование, автор и коавтор на околу 30 сценарија за документарни историски филмови и на неколку музејски концепти.

Трибина на Унијата на жени од ОК на ВМРО-ДПМНЕ: “Жените во минатото, сегашноста и борбата на жената за Македонија“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





