Првиот официјален настан на Ромскиот здравствен образовен центар во соработка со ОУ „Ѓорѓи Сугрев“ во Битола, во спортската сала на ООУ„Ѓорѓи Сугрев“ – Битола се одржа спортски натпревар со родители и деца од сите генерации од ромската и неромската заедница.За време на настанот учесниците се потсетија колку спортот е забавен, но и колку придонесува за нивното здравје ако го практикуваат редовно. Ова беше прв пат да се соберат заедно родители и деца од сите генерации, вклучувајќи дел од наставниот кадар во ОУ „Ѓорѓи Сугрев“.
Стотина учесници се забавуваа и учеа за важноста на спортот, дисциплината, правилата и фер играта преку: – кратко предавање за важноста на изведување на утринска гимнастика, физички вежби и пешачење/велосипедизам/трчање во природа; – активности за згревање – изведување на вежби за развој на телото; – изведување штафетни игри во две групи со ротација; – играње лепчиња со сите учесници; – крајна активност – играње заедничко народно „оро на пријателство“.
Учесниците беа презадоволни и посакаа овој настан да стане редовен и премине во традиција. Огромна благодарност до директорот на ОУ „Ѓорѓи Сугрев“, Роберт Филиповски, како и одделенските наставнички Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова Тасева за соработката и помошта при организацијата и изведбата.

Започна со активности Ромскиот здравствен образовен центар (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)