Село Црнобуки од идната фудбалска сезона ќе има фудбалски третолигаш, Црнобуки ЗЛ чиј тренер на екипата ќе биде Науме Љамчевски, а во работата со голманите ќе му помага Владимир Костадиновски.
Ова е договорено помеѓу претседателот Тодорче Кочишки и спортскиот директор Трајче Брдаревски и Љамчевски и веќе се прават плановите за тоа кој ќе бидат засилувањата за идната сезона, а раководството на клубот прави напори да ја засили екипата иако сето тоа е на аматерска основа.
-Наум Љамчевски е алката која му недостигаше на Црнобуки ЗЛ. Тренерско име кое бил предводник на двата најголеми фудбалски клуба во Македонија, лутите ривали Пелистер и Вардар, Милано и Напредок со кој играше и куп финале на Македонија. Бил и селектор на младинската фудбалска селекција U21. Со ангажирањето на Наум Љамчевски управата го потврдува амбициите и целите кои се високи, вели Тодорче Кочишки.
Засилувања во екипата на Црнобуки се Петар Велевски од Еуромилк, како и младите играчи на Пелистер Ѓорѓи Стојановски, Дамјан Милошевски и Кристијан Георгиевски.
Инаку, екипата наместо во Општинските лиги ќе игра во Третата лига-југозапад заедно со екипите на Новаци и Кравари од Битола, Караорман, Влазними, Октиси, Фљамуртари, Лирија и Велешта од Струга, Охрид Лихнида, Сатеска и Лакочереј од Охрид како и Преспа и Лирија од Ресен.






